Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кариерата на Раџа Наинголан во дресот на Интер не почна најдобро. Белгиецот кој стигна од Рома како големо засилување се повреди и не можеше да дебитира против Сасуоло.
Наинголан е познат по лудите журки и честите испади надвор од теренот. Додека го носеше дресот на Рома беше редовден на ноќни забави, а така почна и во Интер.
Фотографите го „фатиле“ Белгиецот во еден ноќен клуб, каде што се забавувал до наредното утро. Набрзо пристигнаа и критиките на неговата сметка, но 30-годишниот играч имаше подготвен одговор.
„На работа ќе бидам подготвен, другото е ср**е“, напиша на Инстаграм.