„Лудакот“ се враќа во Франција!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Човекот кој со еден потег минатото лето на најдобар можен начин го оправда својот прекар, кариерата би можел да ја продолжи во Франција.

Марсело Биелса е на прагот пред нов ангажман, а најверојатно ќе седне на клупата на Лил.

Екипата на Лил се бори за опстанок во лигата, поради што Биелса би можел да стапи на должност во наредниот период.

Тој минатото лето го превзема Лацио, но по само 2 денови поднесе оставка поради што тимот бараше оштета од 50 милиони евра.

Во претходните месеци Биелса не работеше никаде, а превземањето на Лил значи и враќање во Франција, каде што тој претходно не се прослави на клупата на Марсеј.