Лудило во последниот ден – Арсенал и Тотенхем стигнаа во Рим , Волчицата во Бергамо!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дали ќе видиме два големи трансфери, во последните часови од преодниот рок?

Леандро Паредес е мета на Арсенал и Тотенхем, Рома мора да продаде со цел да ги испегла финансиските книги, дури биле наводно спремни да го пуштат во Јувентус, но Бјанконерите одбиле да платат 20 милиони евра.

Два лондонски клубови сметаат дека тоа е реална цена за Аргентинецот, па наводно нивните претставници се во вечниот град каде што пробуваат во вечерните часови да ја завршат зделката.

Од друга страна Рома преговара во Бергамо и многу се блиску до многу големо засилување.

Тие сакаат да ја завршат зделката околу Френк Кеси фудбалер на БСК кој го сака и Челси, а се споменуваше и како мета на Јунајтед.

Играчот за врска чини околу 25 милиони евра, Рома практично ќе го откупи од Аталанта, ќе остане до лето во Бергамо, но сака да го грабне пред англиските клубови.

Ова може да биде најголема приказна на денот во Серија А!