Луди квалификации во Јапонија, Довициозо освои пол-позиција!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанецот Андреа Довициозо ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Јапонија, откако најдобро време постави пред Жоан Зарко и Џек Милер.

Последните минути во квалификациите беа возбудлиив и дури четири возачи се сменија на првото место.

Најпрво Марк Маркез имаше најбрз круг, а потоа Кал Крачлоу изби на првата позиција, па Џек Милер и на крајот тоа му успеа на Довициозо.

Последен кој имаше шанси да го симне од првото место беше Зарко, но не успеа за многу малку.

Да потсетиме, трката за Големата награда на Јапонија се вози во недела од седум часот.