„Луд“ гол на Фекир против Хофенхајм (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најдобрите играчи на Лион, Набил Фекир го постигна првиот гол на средбата против Хофенхајм во рамките од четвртото коло од Лигата на шампионите.

Може да се каже дека играчот на францускиот тим имаше среќа, за разлика од неколку негови соиграчи кои во истата акција неколку пати се обидоа да го совладаат гостинскиот голман.

Најпрво Менди силно шутна па ја погоди пречката, на одбиената топка налета Фекир на кого Бауман му го одбрани ударот, па топката повторно се одби кај Менди кој упати удар но беше изблокиран од противничкиот играч за на крај Ауар да го проигра Фекир кој конечно го најде патот до мрежата.