Луис донесе нова победа на Атлетико Мадрид – Сосиедад падна на Калдерон (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Атлетико Мадрид го победија Реал Сосиедад на Висенте Калдерон во натпревар од 30-то коло во Ла Лига, 1:0.

Гризман имаше шанса за погодок, но неговиот удар го одбрани Руљи. Во 28-ма минута Филипе Луис ги израдува навивачите на Атлетико Мадрид. Домашните шанса за зголемување на водството имаа преку Торес кој ја погоди стативата. Пред крајот на првото полувреме Караско шутираше, но Руљи одлично го одбрани неговиот удар.

Во второто полувреме Кореа пропушти шанса за погодок, па резултатот остана непроменет, 1:0.

Атлетико Мадрид ќе остане трет со три бода повеќе од четвртопласираната Севиља и пет бода помалку од второпласираната Барселона. Андалузијците и каталонците утре го играат својот меѓусебен натпревар.