Лукавиот Перез даде огромен попуст на Мурињо, што се крие позади се?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Готово дека нема никакви дилеми дека Колумбиецот оди во Манчестер, но под кои услови?

Фудбалските клубови  Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед може да склучат зделка на лето, но по значителна пониска цена, пренесува добро информираниот Скај Спорт.

Според овој извор, Флорентино Перез се одлучи за во Манчестер Јунајтед да го пушти за значително помала сума – 55 милиони евра, наместо 75 милиони колку што е за останатите клубови.

Во што е штосот?

Звучи многу предвидливо, Реал Мадрид веќе со години го брка голманот на Манчестер Јунајтед и  се надева дека конечно ќе го го добие Давид Де Геа.

Сепак, засега норнално нема официјална потврда за тоа, но јасен е лукавиот план на Флорентино Перез кој е спремен да направи услуга на Јунајтед.

Не треба да се заборави ниту дека во заедничката врска во целата приказна е менаџерот Жорж Мендеш кој ги застапува Мурињо и Родригез, а се знае дека во минатото пречесто склопува зделки со Перез, па така кој знае што се крие позади се ова.

Да потсетиме, поедини медиуми во Колумбија веќе и објавија дека Родригез ќе премине на Театарот на соништата, додека и самиот Мурињо можеби индиректно најави разделба со Де Геа.