Лукаку не сакаше да го критикува Мурињо: Нема да го споредувам со Солскјер!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер јунајтед го совладаа Арсенал со 3-1 и така се пласираа во осминафиналето на ФА-купот.

Одличен натпревар на „Емирати“ одигра и Ромелу Лукаку, кој запиша две асистенции и покажа дека се враќа во форма.

Белгиецот во првиот дел од сезоната играше многу лошо, но очигледно и на него му влијаеше промената на тренерот.

Лукаку е еден од ретките фудблаери, кој не зборуваше лоши работи за Португалецот, а синоќа покажа дека има голема почит кон стратегот.

„Нема да ги споредувам Мурињо и Солскјер, зашто тоа е невозможно. Верувам дека Мурињо направи многу добри работи за Јунајтед. Освои неколку трофеи и имам голема почит за него. На крајот тој е тренерот кој ме донесе на ‘Олд Трафорд’“, кажа Лукаку.