„Магнусен и Грожан се добар пар!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сопственикот на Хас тимот, Џин Хас верува дека наредната сезона ќе имаат добра комбинација на возачи.

„Кевин има уникатна личност, во болидот е агресивен, а надвор од него е мирен. Мислам дека добро ќе се сложува со Ромејн.“

Хас вели дека не ги избрал случајно поранешните возачи на Мекларен и Рено.

„Се е во ред. Ги следам веќе неколку години. Верувам дека ќе ни помогнат да освоиме повеќе бодови од минатата година и дека рамноправно ќе се бориме со тимовите во средината на табелата.“