Македонија слави! Нема пораз на ВОДИЦИ! Колев го одрани клучниот удар! Одиме на Норвешка!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија успеа да остане непоразена против Исланд. 27:27 ! Бод за да се избегне фаворитот Франција на ова СП.

Одлично го започнавме натпреварот во првите пет  минути имавме 3:0 и Колев имаше три интервенции.

Дури во шестата минута Исланд го постигна првиот гол.

Потоа следеа неколку грешки во нашиот напад и Исланд тоа го искористува и постигнаа три гола во период од 2  минути 30 секунди постигнаа 4 гола и стигнаа до 4:4.

Потоа Исланд заигра многу подобро во одбраната, ама и во нападот, а во 15 минута стигнаа и до + 3, 6:9.

Македонија за 2 минути стигна до -1, два гола постигнаа прво преку Ѓеоргиевски и Лазров стигна до +1.

До 18 минута резултатот е 9:10, се игра гол за гол.

Во 25 минута резултатот 12:13 за Исланд, а Колев го игра моментално својот најдобар меч за Македонија.

Во 28 минута 2 + за Исланд, а пред тоа Колев со скок одбрани обид на исланѓаните, а во следниот напад Лазаров го постигна својот петти гол.

На полувреме се отиде со предност на Исланд од 13:15.

На почетокот на второто полувреме Исланд дојде до +4, грешиме во нападот, а Исланд тоа го користи.

Во 36 минута е +4 за Исланд.

Од грешка во грешка,+5 за Исланд во 37 минута.

Македонија во 40 минута стигна до +4, а преку Ѓеорѓиевски стигнавме до +3, но во следниот напад повторно +4.

Во 41 минута Миркуловски се повреди, доби болки во бутниот мускул, тешко дека до крајот на мечот ќе се врати во игра.

Во 43 минута +4 за Македонија, намаливме преку Георѓиевски.

Неловски доби исклучуваање и пенал за Исланд, реализација за +5 (19:24).

Уште 16 минути шанса да се стигне до израмнувањер за да се избегне Франција во осмина финалето.

Исклучување и кај Исланд, сега сме израмнети, шанса да се намали резултатот, и преку Лазаров да се стигне до+4, а Колев пак со акробатски скок спаси чист гол.

20:24, ново исклучување за исланѓаните, а нашите направија цепелин преку крилата Манасков и Георгиевски за +3 на Исланд.

Лазаров во 47 е исклучен а и Гоце Геориевски но Исланд не постигна гол, Македонија во напад со двајца играчи помалку, и постигнавме гол, грешка на исланѓаните во нападот, акција за Македонија, за да се дојде до +1.

Густавсон прави магија на голот, фати удар на Георгиевски.

Исланд 7 минути беше без постигнат гол но без ефект за нашата репрезентација.

Ја прекинаа таа лоша серија и постигнаа гол з +3, на 8 минути пред крајот на мечот.

Марковски постигна гол за 23:25, треба да играме сега добро во одбраната.

Манасков намали на 24:25 преку контра, тајм аут за Исланд.

Во напад е Македонија, но Лазаров беше непрецизен.

Уште пет минути до крајот: 24:25.

Гоцеее гол за 25:25.

Играме добро во одбрана, вака да се издржи до крајот има уште нешто повеќе од 3 минути.

Пробив на Исланд и напад за Македонија, шанса за да се дојде до +1.

Лазароввввввв 26:25.

26:26 израмни Исланд.

Талескиииииииииииииии 27:26.

27:27 израмни Исланд, ајде одиме во клучен напад за победа!!!!

27:27 е конечниот резултат од мечот.

Исланд ќе игра на Франција, а Македонија на Норвешка.