Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес се одигра македонското дерби во БИБЛ лигата помеѓу Кожув и Куманово.
Натпреварот одлично го отвори Кожув кој со 9 поени разлика, односно 22:13 влезе во втората ¼-на, каде што беше видена поголема борба од страна на Кумановците, па на полувремето се замина со 40:30.
Иако 10 поени не се голема разлика и може да се случат многу работи до крајот на натпреварот, сепак тоа не им успеа на Куманово кои во третата ¼-на беа поразени со 25:21.
До крајот на натпреварот само рутинска игра од страна на Кожув и победа со 89:71.
Најдобар играч кај Кожув беше Мијовиќ кој постигна 22 поени и 8 скокови додека кај Куманово најдобар беше Мијатовиќ со 20 поени.
Куманово после овој натпревар ќе има резултат од 6 победи и 3 порази и ќе остане на 2-то место во група А додека Кожув ќе има 4 победи и 5 порази и ќе успее да стигне до 4-то место во групата.