Малер на векот: Го делеле само пет сантиметри за добивка од 368.000 денари! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тони Крос му ја уништи радоста на еден обложувач од Англија, кој за малку ќе добиел 5.250 фунти, односно малку повеќе од 368.000 денари.

Ли Робинсон се обложил дека Тони Крос ќе постигне гол надвор од казнениот простор и чекаше во 95. минута да види дали играчот на Реал може да му донесе 5.250 фунти.

Крос погоди по слободниот удар досуден надвор од шеснаесетникот, а најверојатно Робинсон се израдувал премногу во тие моменти.

Сепак, кога уште неколку пати ја погледнал повторената снимка сфатил дека Крос по кратката комбинација влегол во шеснаесетникот за цели пет сантиметри. Токму тоа му ја уништило радоста на крајот.