Мама со критики до Салах по фотографијата која проструи низ социјалните мрежи: Да беше ова татко ти, ќе добиеше развод … (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фантастичниот напаѓач на Ливерпул, Мохамед Салах постави на својот инстаграм профил „Скриншот“ од конверзацијата со својата мајка.

Иако во очите на навивачите на Ливерпул, Салах речиси и да не може да направи нешто погрешно, мајката сепак е нешто построга.

Имено, на неговата мајка не и се допадна една фотографија на Мохамед со анонимна обожувателка која се прошири на социјалните мрежи.

Салах во текот на престојот во Обединетите Арапски Емирати, се дружеше со навивачите и позираше на заеднички фотографии, а на една е „фатен“ во прегратка на обожувателка.

Со оглед на тоа дека фотографијата брзо се прошири на социјалните мрежи, ја пронајде и мајката на Салах и истата му ја испратила со порака: „Да го видам татко ти ова да го прави веднаш би побарала развод“.

Мохамед Салах, меѓутоа, не се „потресе“ од зборовите на мајката, па истата фотографија од разговорот ја постави на својот инстаграм профил.