Мамиќ доби казна затвор од шест и пол години

Првиот човек на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ денес попладне ја дозна пресудата за случајот по кој се товареше за проневера на над 100 милиони круни на трансферите на Дејан Ловрен и Лука Модриќ.

Сепак Мамиќ не ја сослуша пресудата во судницата во Осиек затоа што ја напушти Хрватска и во моментов се наоѓа во Босна и Херцеговина.

Здравко Мамиќ беше осуден на шест и пол години затвор, неговиот брат Зоран доби казна затвор во времетраење од четири години и 11 месеци, додека осудени се и Милан Пернар (четири години) и Дамир Врбановиќ (три години).