Мане додека играше против Баерн, во неговиот дом се „оперираше“…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На фудбалерот на Ливерпул, Садио Мане му се украдени неколку работи од куќата во Ливерпул во моментот додека играше против минхенски Баерн на „Енфилд“ во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Британската полиција потврди дека крадците во вторникот вечерта влегле во домот на Сенегалецот, каде немало никој, и му украле часовници, мобилни телефони, како и клучевите од автомобилот.

Мане вторпат е ограбен бидејќи слично се случи во ноември 2017. година додека гостуваше во Ливерпул во Марибор, исто така во Лигата на шампионите.

Мане во Ливерпул е од јуни 2016. година, односно од трансферот од Саутемптон за 40 милиони евра, а претходно настапуваше за Салцбург и Мец.