Мане најдобар играч во Премиер Лигата за месец август


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Садио Мане е прогласен за најдобар играч во Премиер Лигата за август откако Сенегалецот победи во изборот од седум кандидати за оваа позиција.

Крилниот фудбалер постигна три гола во воведните три кола за Ливерпул и сосема заслужено ја освои наградата за месец август.

„Сакам да му се заблагодарам на сите мои соиграчи затоа што без нив јас нема да сум овде“- кратко коментираше Мане по дознавањето дека тој е најдобриот играч за изминатиот месец.

Покрај Мане во конкуренција за играч на месецот беа Фил Џонс, Ромелу Лукаку и Хенрик Микитаријан одМанчестер Јунајтед, Џонас Лосл од Хадерсфилд, Алваро Мората од Челси, како и неговиот соиграч од Ливерпул, Мохамед Салах.