Манчестер заврши зделка, стигнува Норвежанец?


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Неретко Манчестер Сити ја завршува работата околу трансфер надвор од преодниот рок, така ќе биде и во овој случај.

Екипата на Пеп Гвардиола најверојатно во наредната сезона ќе влезе со уште едно засилување.

Се работи за младиот норвешки фудбалер Гајас Захид (22) кој настапува за Валеренга.

Играчот за врска истакна и дека беше на прагот од потпис на договор со Манчестер Сити во текот на јануарскиот преоден рок, но тоа не се случи.

„Изгледаше дека ќе потпишам, но се предомислија два дена пред што се затвори преодниот рок. Ми рекоа дека ќе чека до лето. Нормално дека сум разочаран што не се случи одма, но тоа е тоа, ми останува да се покажам до лето“, рече ова момче.

Од друга страна, неговиот тренер истакна дека постои интерес и од други клубови, освен Манчестер Сити, но не сакаше да ги наведува.