Манчестер и Борусија во борба околу потпис на вундеркиндот од Ајакс!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Жозе Мурињо „фрли око“ на суперталентираниот офанзивец на Ајакс, а пишувме дека и Борусија Дортмунд се вклучи во трката.

Во оваа сезона во Амстердам се роди нова ѕвезда.

Имено, стратегот на Ајакс Питер Бош ја „претумба“ екипата по свој вкус а во прв план изненадувачки излезе 19-годишниот Каспер Долберг.

Данецот одигра 16 натпревари во Ердивизија, постигна осум голови, многу мина му предвидуваат блескава кариера.

И Жозе Мурињо има такво мислење, и сака Данецот што побрзо да се пресели на Олд Трафорд.

Ибрахимовиќ е при крај на играчката кариера, но со Рашфорд и младиот Долберг навивачите на Јунајтед нема да имаат грижи.

Сепак, нема Мурињо така лесно да дојде до потписот на Долберг. Во целата приказна се вклучи и Борусија од Дортмунд.

Милионерите го подмладија составот, безброј пати докажаа дека умеат да „направат“ играчи, а треба да се потсети и дека суперталентираниот Осман Дембеле се одлучи да потпише за Борусија и покрај интересот на Барселона и Реал Мадрид.

Дури младиот Швеѓанец Алексадар Исак гледа кон Сигнал Идуна Парк, изјави дека преферира премин во редовите на тимот од Дортмунд отколку во мадридски Реал, кој повеќе пати покажа интерес за неговите услуги.

Во редовите на германскиот тим се надеваат дека иднина во нападот може да ги имаат Исак и Долберг, што звучи како одлична идеја.

Пред двајцата несомнено е блескава иднина, ќе видиме дали заедно ќе заиграат во редовите на Борусија или Мурињо ќе успее да го убеди Долберг да му се придружи во Јунајтед.