Манчестер Сити заинтересиран за Дани Алвес


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Сити е заинтересиран за услугите на Дани Алвес од Јувентус.

Преговорите за премин на Алвес во редовите на Манчестер Сити веќе се започнати и се очекува во текот на следните денови да се постигне и конечен договоро.

Алвес се пресели во Торино како слободен фудбалер од Барселона минатото лето и има уште една година од договорот со „Старата дама“.

Од Сити се во потрага по бекови по заминувањето на Пабло Забалета, Бакари Сања и Гаел Клиши.

Покрај Алвес, „Граѓаните“ се заинтересирани и за Бенџамин Менди (Монако), Кајл Вокер (Тотенхем) и Рајан Бертранд (Саутемптон).