Манчестер Сити славеше на гостувањето на „Гудисон“ и се искачи на врвот во Премиер лигата


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Екипата на Манчестер Сити славеше рутинска победа од 2:0 на гостувањето кај Евертон на „Гудисон Парк“.

Со оваа победа „Граѓаните“ ја презедоа првата позиција на табелата израмнувајќи се по бројот на бодови со досегашниот лидер Ливерпул. Сепак, „Црвените“ имаат еден натпревар помалку кој ќе го одработат во следниот период.

Манчестер Сити стигна до водство во самиот финиш на првиот дел со погодокот на Ајмерик Лапорт.

За вториот гол се чекаше дури до седмата минута од продолжението на натпреварот, а него го постигна Габриел Хесус.