Манчестер ја реши дилемата, познато името на предводникот на „Ѓаволите“ во новата сезона?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жозе Мурињо во вторникот заработи отказ во Манчестер Јунајтед, веќе вчера на местото на шеф на стручниот штаб го наследи Оле Гунар Солскер.

Норвежанецот стигна од Молде, потпиша до крајот на сезоната, а „Ѓаволите“ следното лето ќе тргнат во потрага за тренер со поголемо реноме, така барем се чинеше.

Сепак, изгледа дека на „Олд Трафорд“ имаат големи очекувања од Солскер.

Имено, како што пренесува „Скај Спорт“, Јунајтед договорил обештета со Молде за својот нов тренер, за Соскер следното лето да добие постојан ангажман во Манчестер.

Секако, тоа обештетување нема да мора да го исплатат, договорена е сума од осум милиони евра, која Молде ќе ја добие доколку Норвежанецот добие нов договор од „Ѓаволите“. Норвешкиот клуб на име на позајмица на Солскер доби два милиони евра.

Останува да видиме дали „Убиецот на детското лице“ ќе ги натера на нешто такво следното лето, а како што стојат работите Солскер ќе се бори за подобри резултати, сега е јасно и со нов договор, ќе добие и едно сериозно засилување.