Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Доколку добие постојан договор и остане на клупата на Јунајтед, Солскер ќе го има најскапиот штопер во светот.
Имено, како што јавуваат англиските медиуми се е спремно за рушење на светскиот рекорд, бидејќи Кулибали би требапо на лето да премине во Манчестер Јунајтед.
Веројатно Наполи се спремни да свртат нова страница, приходите се доста намалени, најмногу поради лошата продажба на влезниците, но и неуспехот во ЛШ.
Хамшик го напушти Наполи, а веројатно ќе следи и обид за продажба на Мертенс кој има помалку од 18 месеци до истек на договорот. Сепак, најголем удар би било заминувањето на Кулибали.
Тој наводно сака да оди во Јунајтедм а Наполи е спремен да го пушти доколку Манчестер понуди повеќе од 100 милиони. Едната причина се парите, а другата е расизмот во Италија.
Солскер наводно има ветување дека доколку клубот продолжи во ЛШ тој ќе остане тренер и ќе добие засилување кој ќе го собори рекордот на Ван Дијк.