Манчестер Јунајтед го падна шампионот на колена на Кинг Пауер – Миктаријан, Ибрахимовиќ и Мата го решија Лестер (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед убедливо го победија Лестер на Кинг Пауер во натпревар од 24-то коло во ПЛ, 0:3.

Јунајтед имаше повеќе шанси за од почетокот на натпреварот. Рохо и Рашфорд се заканија по голот на Лестер, но Шмајхел не дозволи нивните удари да ја затресат мрежата.

Хенрик Миктаријан во 42-ра минута му донесе водство на црвените ѓаволи.

Само две минути подоцна Златан Ибрахимовиќ го зголеми водството на Манчестер Јунајтед.

На почетокот на второто полувреме Миктаријан му асистираше на Хуан Мата кој погоди за 0:3.

Мата и Погба до крајот на натпреварот имаа шанси за погодок, но и на двајцата фудбалери Шмајхел му одбрани. Манчестер Јунајтед на крајот победи со 0:3.

Ѓаволите после денешната победа имаат само бод помалку од Ливерпул кој е пети, а два бода помалку четвриот Арсенал. Во однос на лидерот Челси, Манчестер Јунајтед има 14 бода помалку.