Манчестер Јунајтед го потврди трансферот на Лукаку

Од редовите  на Манчестер Јунајтед го потврдија трансферот на Ромелу Лукаку.

Утрово на официјалниот „Твитер“ профил на „Ѓаволите“ осамна фотографија од Лукаку на која пишуваше дека договорот со Евертон е постигнат и дека напаѓачот од трансфер во Јунајтед го делат само медицинските прегледи и личните услови.

Сумата која Манчестер Јунајтед ќе ја плати на Евертон изнесува 75 милиони фунти, а истата може да порасен и на 90 милиони фунти во зависност од бонусите кои ќе бидат исполнети во иднина.

Вејн Руни се очекува во текот на оваа недела да се пресели на „Гудисон Парк“ и да ја заврши 13 годишната многу успешна кариера во Манчестер Јунајтед.