Манчестер Јунајтед заинтересиран за играч на Селтик


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Од редовите на Манчестер Јунајтед разгледуваат можност во летниот преоден рок да го донесат дефанзивецот на Селтик, Киеран Тиернеј.

ЕСПН пренесува дека Жозе Мурињо е во потрага по нов лев бек откако не бил убеден во квалитетите на Лук Шо, а Ешли Јанг е доста подложен на повреди.

„Ѓаволите“ се поврзуваа со Дени Роуз во минатите неколку месеци, но сега изборот паднал врз Тиернеј кој од клубот го гледале како долгорочна алтернатива за левата бековска позиција.

20 годишниот Тиернеј веќе е капитен на репрезентацијата на Шкотска и е регуларен во првиот тим на Селтик.