Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Оле Гунар Солскјер продолжува да го води Манчестер Јунајтед кон местата што носат во Лигата на шампионите откако денес со 3:0 беше совладан Фулам на „Кревин Котиџ“.
„Ѓаволите“ одиграа убедлив натпревар и без поголем проблем ги однесоа трите бода на „Олд Трафорд“. Погба два пати и еднаш Марсијал беа стрелци на головите за победа на Манчестер Јунајтед.
Екипата на Арсенал се врати на победите откако со 2:1 славеше на гостувањето кај Хадерсфилд, додека пак Ливерпул со убедливи 3:0 како домаќин го совлада тимот на Борнмут.
Уште еден пораз запиша Евертон кој загуби на гостувањето на „Викариџ Роуд“ кај Вотфорд со 1:0. По овој пораз тренерската позиција на Марко Силва дополнително се доведува во прашање.
Кардиф со 2:1 славеше против Саутемптон, додека Кристал Палас и Вест Хем ги поделија бодовите.