Манчестер Јунајтед и во јануари нема да му дозволи на Погба да замине


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Од таборот на Манчестер Јунајтед нема да му дозволат на Пол Погба да си замине ниту во јануарскиот преоден рок.

Погба во текот на вчерашниот ден уште еднаш ги подгреа шпекулациите со неговата изјава дека не знае што би се случило во следните неколку месеци.

За францускиот репрезентативец кој не е баш во најдобри односи со Мурињо постои интерес од Барселона и од Јувентус.

Сепак, од „Ивнинг Стандард“ јавуваат дека од Манчестер Јунајтед ќе стопираат негов трансфер надвор од „Олд Трафорд“ во летниот преоден рок.