ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед претстојното лето повторно ќе го поминат во Америка изјави потпретседателот на англискиот гигант, Ед Вудвард.
Јунајтед во текот на двонеделната турнеја ќе настапи во пет градови ширум Америка. Тимот на Жозе Мурињо ќе игра во Лос Анџелес, Солт Лејк, Санта Клара и Вашингтон, а петиот град ќе биде дополнително одреден.
„Играњето во Северна Америка користејќи ги најдобрите можни тренинг објекти и играјќи на големи стадиони ќе бидат најдобра можност за припреми за следната сезона“, изјави Вудвард.
Манчестер Јунајтед прв пат во Америка настапуваше во 1950-та година, а и за сезоната 2014/15 кога тренер беше Ван Гал се припремаа во Америка.