Манчестер Јунајтед не „крева раце“, позната цената за пазарувањето на „Сан Сиро“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед живна по доаѓањето на Оле Гунар Солскјер на клупата на првиот тим.

Од четири натпревари имаат исто толку победи, некои играчи како Пол Погба повторно играат на врвно ниво, но во клубот и натаму сметаат дека е потребно да се засили дефанзивниот ред.

Подолго време прва мета беше Диего Годин, но Уругваецот моментално е најблиску до преселба во Интер што и не би било лошо по „Црвените ѓаволи“, бидејќи вниманието го пренасочија на Милан Шкринијар.

Словакот е еден од најдобрите играчи во тимот, но евентуалото доаѓање на Годин би можело да значи дека некој од стоперската линија ќе мора да ја напушти „Меаца“.

Со оглед на тоа дека Интер има проблем со ФФП, цената на Шкринијар е од 65 милиони евра кои Јунајтед може да ги плати и со тоа сигурно би решил некои прашања околу финансиското работење на „Нероаѕурите“.