Манчестер Јунајтед не се откажува од Перишиќ


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Откако нивната трансфер цел број еден, Хамес Родригез и официјално се договори со Баерн Минхен, од редовите на Манчестер Јунајтед го зголемија интересот за хрватскиот интернационалец, Иван Перишиќ.

Според „Скај Спортс“ договорот е се поблиску иако Интер бара високи 48 милиони фунти за услугите на Перишиќ.

Хрватот е во тренинг кампот на Интер, а од Јунајтед ќе сторат се да го договорат трансферот пред експедицијата на Нероазурите да тргне за Кина следната недела.

Последната понуда која Интер ја одби од Манчестер беше во висина од 39 милиони фунти, па се шпекулира дека сега „Ѓаволите“ ќе понудат 45 милиони фунти за играчот кој во својата кариера ги има носено дресовите и на Бундеслигашите, Борусија Дортмунд и Волфсбург.