Манчестер Јунајтед повеќе не го сака Герет Бејл


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Црвените Ѓаволи се откажаа!

И покрај многуте шпекулации кои го поврзуваа со Манчестер Јунајтед, на Олд Трафорд повеќе не го сакаат Герет Бејл.

Јунајтед подолго време посакуваше да го доведе велшкиот репрезентативец од Реал Мадрид, но ЕСПН јавува дека од Манчестер се откажале од идејата да го купат крилниот играч.

Бејл во последно време и не е баш среќен во Мадрид, а доаѓањето на Зинедин Зидан ги зголеми шансите тој да си замине од клубот.

Во меѓувреме, тој дефинитивно нема да премине во Јунајтед, бидејќи Црвените Ѓаволи одлучиле дека тој не им е потребен, а воедно е и многу скап.

Бејл е дел од клубот на Реал Мадрид од 2013 година и заедно со Кралевите освоија четири трофеи во Лигата на Шампионите. А во 244 одиграни натпревари, Бејл има постигнато 102 гола во склоп на 63 асистенции.