Манчестер Јунајтед се претплати на шесто место


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед игра во многу променлива форма во оваа сезона.

Иако веќе 17 мечеви по ред не знаат за пораз во англиската Премиер лига, екипата која од клупата ги предводи Португалецот Жозе Мурињо има доста нерешени резултати против екипи кои се доста послаби рангирани на табелата.

Тоа значи дека Манчестер Јунајтед во текот на целата сезона е при врвот на табелата, но ниакко да се качи таму каде што сака – барем на место кое води во Лигата на шампионите.

Тие во оваа сезона најчесто беа на шестото место од Премиер лигата.

Прецизно кажано, на тоа место поминаа дури 138 дена.

Тие на таа позиција поминаа повеќе денови отколку било која друга екипа од Премиер лигата на било која друга позиција.

Црвените ѓаволи наредниот натпревар во Премиер лигата го играат во гости кај Милдзборо на 19 март.