До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Конечно заврши чекањето и веќе може да уживаме во убавините кои ни ги нуди Премиер лигата.
Вчера и официјално започна една од најдобрите светски лиги, а сезоната ја отворија Манчестер Јунајтед и Лестер. „Црвените Ѓаволи“ со 2:1 ги совладаа избраниците на Клод Пуел и така победнички ја започнаа новата сезона.
Натпреварот започна одлично. По само 75 секунди Алексис шутираше, а топката погоди еден од противничките играчи во раката. Андре Маринер веднаш покажа на белата точка, а сигурен реализатор на пеналот беше Пол Погба.
На 2:0 зголеми Лук Шо во 83. минута по феноменалната асистенција на Хуан Мата. Џејми Варди со гол во 92. минута го направи натпреварот интересен, но тоа беше се од „Лисиците“.















