Манчестер Јунајтед ја пронајде замената доколку Де Геа си замине од клубот

Од Манчестер Јунајтед ја разгледуваат можноста во своите редови да го донесат Џордон Пикфорд доколку Давид Де Геа си замине следното лето.

Де Геа повторно е поврзуван со трансфер во Реал Мадрид и доколку Шпанецот не се пресели во Мадрид, „Црвените ѓаволи“ ќе се насочат кон Пикфорд.

23 годишниот англиски интернационалец се приклучи на Евертон ова лето за 30 милиони фунти и досега само на шест натпревари ја сочувал својата мрежа.