Манчини: Во Скопје дојдовме по трите бода


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на рускиот гигант Зенит, Роберто Манчини истакна дека неговиот тим во Скопје дошол по трите бода.

Италијанскиот стратег верува дека средбата ќе биде тешка со оглед на тоа што нашиот претставник е дебитант во ова натпреварување и силно мотивиран ќе влезе во средбата.

„Знаеме дека ќе биде тежок натпреварот против мотивираниот противник. Го анализиравме Вардар кој има добра, искусна одбрана и секогаш игра на контранапади. И тоа добро. Но сите наши играчи кои дојдоа во Скопје се подготвени на надигрување зошто дојдовме по трите бода“- коментираше Манчини.

Средбата се игра на националната арена „Филип Втори“ а почетокот е закажан за 21:05 часот.