Манчини заминува во Русија?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот тренер на Сити, Манчини ќе стане нов тренер на Зенит.

Италијанецот би требало да потпише договор на 3 години и да добива по 5 милиони евра по сезона.

На Манчини тоа би му била 4-та земја, откако претходно работеше во Италија, Англија и Турција.

Тој има освоено со Лацио и Фиорентина по еден домашен куп, со Интер дури 3 титули, по 2 купа и суперкуп, со Сити ја освои ПЛ, ФА Куп и Комјунити Шилд, а со Галатасарај го освои купот.

Зенит оваа сезона заврши на 3-то место во Русија.