Марадона има специјално барање пред натпреварот против Нигерија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентина мора да победи во последното коло против Нигерија, доколку сака да се пласира во осминафиналето, но тоа зависи и од мечот помеѓу Хрватска и Исланд.

Легендарниот Диего Марадона плачеше по мечот против Хрватска и неверојатниот пораз од 3-0, а сега одлучи да ги земе работите во свои раце.

Марадона има специјално барање до Фудбалскиот сојуз на Аргентина, односно сака да присуствува на тренингот на Аргентина пред дуелот со Нигерија.

„Само сакам да зборувам со фудбалерите и да им објаснам што значи да се носи националниот дрес. Тоа е многу важно“, кажа Марадона.