Марадона најде нов тренерски ангажман!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Диего Марадона најде нов ангажман и тоа со тимот на Фуџијара Спортс Клуб, кој се натпреварува во втората лига на Обединетите Арапски Емирати.

Инаку, ова за него е втор пат да води тим од арапските земји и тоа откако во 2011 година беше тренер на Ал Васла.

Да потсетиме, Марадона беше селектор на Аргентина од 2008 до 2010 година, а од таа позиција замина по поразот во ¼-финале на СП 2010 година.