Марез голем трагичар, Ливерпул и Сити ги поделија бодовите на „Енфилд“


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Ливерпул и Манчестер сити одиграа 0-0 во рамки на осмото коло во Премиерлигата.

Најголемите возбудувања во натпреварот се случуваа на почетокот на натпреварот и на крајот.

Ливерпул од првата минута тргна офанзивно и направи голем притисок врз гостите, но немаше поголеми шанси.

Сепак, кога конечно се ослободија од притисокот, „граѓаните“ тргнаа во напад, но немаа ниту тие поголеми шанси.

На самиот крај на средбата, судијата досуди пенал за гостите, но него го промаши Ријад Марез.

Во моментов, двете екипи имаат по 20 бодови, како и Челси, па го делат првото место.