Марез најдобар играч на „црниот континент„!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најпрвин беше прогласен од Би-Би-Си за најдобар играч на Афричкиот континент а сега тоа признание го доби и од Африканската фудбалска асоцијација.

Тој собра 361 глас, дури 48 повеќе од Обамејанг. Трет беше фудбалерот на Ливерпул, Садо Мане со 186 гласа.

Марез покрај ова беше прогласен и за најдобар играч во ПЛ за сезоната 2015/16.

Наградата за најдобар млад играч отиде кај Алекс Ивоби од Арсенал, а за „човек кој ветува„ е прогласен Ихеначо, напаѓачот на Манчестер Сити.