Мареј го победи Лопез, Чунг и Качанов направија сензација


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Завршија три осминафинални натпревари на АТП турнирот во Барселона.

Енди Мареј го победи Фелициано Лопез, 2:0 во сетови.

До седмиот гем никој од двата тенисери не направија брејк. Мареј во осмиот гем направи брејк, 5:3, но во следниот гем шпанецот возврати со иста мерка, 5:4. Британецот ја искористи втората брејк топка во десетиот гем и го доби првиот сет, 6:4. Во вториот сет во десетиот гем актуелниот лидер на АТП листата направи брејк и победи, 6:4.

Хјеон Чунг и Карен Качанов приредија сензација во Барселона. Кореецот го елиминираше Александар Зверев во два сета, 1:6, 4:6, а казахстанецот во три сета беше подобар од Давид Гофан, 7:6, 3:6, 4:6.

Мареј во четвртфиналето ќе игра против подобриот од натпреварот Рамос – Баутиста, Чунг ќе игра против Надал, а Качанов ќе го чека подобриот од дуелот Зебаљос – Пер.