„Мареј немаше среќа, играше во ерата со најдобрите!“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Тони Надал, тренерот и чичко на Рафаел Надал, конечно ги искоментира шансите на Мареј да стане прв тенисер во светот.

    Енди Мареј го освои турнирот во Виена, има 1915 поени помалку од Ѓоковиќ, па на последните 2 турнири во Париз и Лондон ќе води жестока битка.

    „Мареј имаше несреќа да игра во истата ера со Ѓоковиќ, Надал и Федерер. Сепак, секогаш беше тука, освои 3 Гренд Слема, неколку Мастерси…“

    Тој откри дека Надал во текот на цела година играл со болки поради големиот број на повреди.

    „Се мачеше во текот на целата сезона. И во Рио имаше големи болки, а во Шангај дојде и во ситуација да каже: `Се откажувам, не можам повеќе.`“