Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шампионот на Словенија направи одличен успех и се пласираше во групната фаза од Лигата на Шампионите. Покрај Словенците во најелитното европско натпреварување се пласираа и Селтик, Севилја, Наполи и Олимпијакос.
Хапоел Беер Шева го победи Марибор во првиот натпревар со 2:1, но падна во реваншто во Словенија затоа што домашниот тим славеше со 1:0. Јунак на натпреварот беше Вилер кој ја затресе мрежата на Израелците во 15. минута од натпреварот. До крајот домашната екипа го зачува водството и направи уште еден голем клупски успех.
Тимот на Риека каде настапува нашиот репрезентативец, Леонард Жута претрпе пораз од Олимпијакос со 0:1 и со тоа не успеа да се пласира во Лигата на Шампионите. Сепак, Хрватите со пласманот во плеј-офот си обезбедија директно учество во Лигата на Европа и во петок ќе ги очекуваат противниците за групната фаза во ова натпреварување.
Наполи без поголем проблем славеше и во Франција на гостувањето кај Ница. Наполитанците со идентичен резултат славеа кај Французите од кои се очекуваше поголем отпор. Хозе Калјехон го отвори натпреварот, а точка стави Лоренцо Инсиње во самиот финиш.
Пласман во групната фаза обезбедија и Севилја и Селтик кои беа подобри од своите противници Башакшехир односно Астана.