„Марка“: Милан му понуди еден од своите најдобри играчи на Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан одлучи да го понуди својот 24-годишен фудбалер Сусо на Реал Мадрид. Шпанецот има откупна клаузула од 40 милиони евра, а таа е прифатлива за „кралевите“.

„Марка“ пишува дека агентот на Сусо, Алесандро Лучи, разговарал со управата на „кралевите“ и им предложил да испратат понуда до Милан за неговиот играч.

По европската казна, никој не знае како ќе изгледа Милан во наредната сезона, но едно е сигурно, а тоа е дека многу играчи ќе го напуштат клубот.

Екипата се обидува да заработи доволно пари од продажба на своите ѕвезди, а Сусо е еден од нивните најдобри фудбалери.

За поранешниот играч на Ливерпул е заинтересиран Интер, како и Атлетико Мадрид.