Марка – Не требаше да има пенали за Барселона!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


До неверојатна победа проитив ПСЖ успеа Барселона да стигне во продолжението и така да направи голем пресврт по поразот во првиот натпревар од 4:0.

Многу дилеми предизвикаа досудените пенали. „Марка“ со помош на судискиот експерт Оливер го прегледаа снимките од пеналите и соопштија.

„Ниту еден пенал не постоеше.“

Тој потврди и дека играњето со рака на Маскерано во раната фаза на натпреварот не било за пенал.

Судијата Дениз Ајеткин пред себе имаше тешка задача, а многумина тврдат дека тој направил голем број грешки.

Експертот на „Марка“ вели дека не постоеле пенали, но многу полесно е да се суди според технологијата во студиото, отколку пред 100.000 навивачи на „Камп Ноу“.