„Марка“: Роналдо бара куќа во Торино, Мендеш на заврши преговори!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанска „Марка“ пишува дека трансферот на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус е блиску до реализација.

Кристијано бара куќа во Торино и досега контактирал неколку агенции задолжени за пронаоѓање на нов дом во Италија.

Меѓутоа, италијанските медиуми пишуваат дека агентот на Португалецот слетал утрово во Италија, каде што треба да има завршни преговори со управата на Јувентус и наскоро би можел да биде реализиран трансферот.

„Кралевите“ се подготвени да го продадат Роналдо за сума од 100-120 милиони евра, а тие пари ќе ги искористат за да ангажираат нови фудбалери.

Очигледно, големата драма конечно добива епилог.