Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Возачот на Репсол Хонда, Марк Маркез ја освои пол позицијата на трката во Арагон.
Ова беше вкупно 7-ма пол позиција во сезоната за актуелниот шампион, а вкупно 29-та во кариерата.
Маркез го сруши рекордот на патеката, кој претходно сам го имаше поставено.
Тој постигна време 1.46.635, што е за 108 стотинки подобро од 2-ро пласираниот Лоренцо.
За најпријатно изненадување во саботните квалификации, се погрижи Јаноне од Дукати.
Тој успеа да оздрави од повредата на рамото, која ја доби на претходната трка во Мизан и со одлично возење стигна до 3-то место.
4-то место беше Пол Еспаргаро, пред Дани Педроса додека Роси беше 6-ти.
Во првите 10 завршија уште и Алеш Еспаргаро, Кал Крачлоу, Данило Петручи и Бредли Смит.
Разликата помеѓу Еспаргаро и Крачлоу изнесуваше само 1 стотинка.
Трката се вози во недела од 14 часот.