Марота го потврди првото големо летно засилување на Интер


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Извршниот директор на Интер, Џузепе Бепе Марота во интервју за „Скај  Спортс“ пред натпреварот против Рапид Виена откри дека клубот е многу блиску до трансфер на големо фудбалско име.

Диего Годин вчера постигна погодок против Јувентус со кој донесе голема предност на својот Атлетико пред реванш средбата во Торино.

Запрашан за ситуацијата околу трансферот на Диего Годин, Марота истакна дека истиот е многу блиску до реализација.

„Што мислам за голот на Годин? Среќен сум. Ние сме во завршни преговори со него и убаво беше да се види дека дал гол. Голем оптимист сум за неговиот трансфер и се надевам дека истиот ќе биде официјализиран наскоро“ –коментираше Марота.