Матип знае што го очекува на вечерашниот натпревар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жоел Матип, новиот играч на Ливерпул, знае што го чека на натпреварот против Челси.

„Црвените“ им гостуваат на „сините“, а Матип е свесен дека го очекува Диего Коста.

„Кога противникот се обидува да ме провоцира, не обрнувам внимание. Може да зборува што сака, но нема да му обрнувам внимание“, изјави Матип.

„Го почитувам Коста како играч и знам дека по секоја цена ќе се обиде да ми направи нешто со кое ќе ми биде непријатно покрај него, но подготвен сум за борба. Знам која е мојата задача и ќе дадам се од себе да го направам тоа“, додаде играчот на Ливерпул.

Челси и Ливерпул играат вечерва од 21:00.