Матиќ: Жозе е еден од најдобрите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчот на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ верува дека Жозе Мурињо се уште е еден од најдобрите менаџери во светот.

Пред натпреварот со Барнли, Мурињо беше во опасност да ја загуби својата работа, но одличната игра на „ѓаволите“ и победата од 2:0 му „купија“ колку толку мир на португалскиот стратег.

„Тој беше многу самоуверен кога се подготвувавме за натпреварот. Знаевме дека ќе ни создадат проблеми со долги топки, па затоа Маруан играше толку блиску до нашата одбрана. Жозе знае што прави. И вие го знаете тоа. Тој е еден од најдобрите менаџери во светот“-коментираше Матиќ.